Светот е пред нова опасна криза, изјавил претседателот на Светската банка. „Светската економија влезе во нова опасна фаца, што на развиените земји им остава малку простор за маневрирање“, предупредил Роберт Зелик, претседателот на Светска банка.
Проблемот со долгот на земјите од Европа, проценил тој, е многу повознемирувачки отколку „среднорочни и долгорочни“ последици од намалениот кредитен рејтинг на САД, кој пак предизвика огромна паника на пазарот.
„На почетокот сме на нови и разлини бури, оваа криза нема да биде како онаа во 2008 година“, додал тој за интервју за неделникот “Weekend Australian”.
„Кризата во зоната на еврото може да да биде најважен проблем за светската економија, укажал претседателот на Светска банка и ги посоветувал државите од Европа што побрзо да преземат мерки.
„Лекцијата од 2008 година е таа дека колку подолго се чека поголема ќе биде штетата, мерките мораат да бидат и поостри“, додал тој и побарал од премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, и покрај немирите во земјата, тој да се преземе мерки за штедење.
Претседателот на Светската банка додал и дека сегашната криза многу брзо ќе ја премести економската моќ од Запад кон Кина!