Светот полуде! И Данска дозволи геј бракови и црковни венчавки!

24 октомври, 20110
111024031

Данска ги објави плановите за легализација на хомосексуалните парови, како и дека на истите ќе им бидат дозволени црковни венчавки.

Данскиот министер Ману Сарен изјавил за локалните медиуми дека хомосексуалците веќе од наредната година ќе имаат дозвола да се венчаат, кога ќе се исполнат сите законски процедури.

„Се радувам на моментот кога ќе го видам првиот геј пар кој излегува од црква. Јас ќе стојат таму до нив и ќе им фрлам ориз над главата“, изјавил министерот.

Тој додал дека има многу пријатели кои се хомосексуалци, дека тие се сакаат подеднакво како и хетеросексуалците, но немаат исти права, а тоа било проблем.

Данска е првата држава која го легализирала геј цивилното партнерство и тоа во 1989 година. Некои истражувања покажале дека речиси 70% од луѓето ги поддржуваат геј браковите.

Првите такви бракови се очекува да се направат во март наредната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi