Таџ Махал, Индија

popara20 јули, 20111min00
2-Taj-mahal-India

Ретки се оние кои незнаат дека Таџ Махал од 17 век, кој во Агра е изграден од страна на Шах Џахан како симбол на голема и вечна љубов за неговата покојна сопруга Мумтаз Махал. Таџ Махал важи за најдобар пример на архитектурата, поради тоа што стилот на изградбата е мешавина од елементи на персиски, отомански, индиски и исламски стил. Не се знае точно колку чинела изградбата на овој комплекс, но се претпоставува дека цифрата тогаш изнесувала околу 30 милиони рупии. Неговата изградба траела 20 години, а биле ангажирани околу 30.000 работници. Илјадници слонови го пренесувале градежниот материјал од Азија. Градбата е изградена од најразлични материјали, вклучувајќи бел мермер, жад, кристал,сафир и др. Вкупно 30 видови на скапоцени камења вградени во бел мермер. Изградбата започнала во 1648 година, непосредно по смртта на неговата сопруга Мумтаз Махал која починала на породување.

Неговата височина изнесува 75 метри. Скоро целиот состав на градбата се состои од бел мермер. На неговата северозападна страна се наоѓа џамија, а на југоисточната дом за одмор. Димензиите на целиот комплекс изнесува 300 м x 560 м.

Таџ Махал се наоѓа на листа на светски богатства. По посетата на Таџ Махал никој не останува рамнодушен и сите може да потврдат дека токму на ова место може во воздухот да се почувствува љубовта.

Поради гужвите и загадениот воздух кои ја уништуваат фасадата на Таџ Махал постои можност наскоро да се затвори за посетителите.

За жал, ако тоа се случи на Таџ Махал ќе му се восхитуваме само на фотографии. Научниците секојдневно предупредуваат дека загадениот воздух околу мавзолејот мора да се намали, во спротивно белиот мермер ќе потемни. Дури и поскапувањето на влезницата не ги намалило илјадниците посетители кои секојдневно доаѓаат во посета на овој споменик познат по прекрасната архитектура и приказната за бескрајната љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag