Тајланд го сруши светскиот рекорд во борба со пиштоли на вода
14 април, 20110

Тајланд постави нов светски рекорд во Гинисовата книга за борба со пиштоли на вода, каде 3477 луѓе се поплавија меѓусебе во 10 минутна престрелка со вода. Илјадници Тајланѓани и странски туристи вооружени со пиштоли на вода се пресретнаа во еден од најголемите трговски центри во Банког, за да го прослават Тајландскиот Songkran фестивал на водата. Тридневниот Songkran, има значење нешто како нова година, кој се одржува од 13 до 15 април. За време на славењето, луѓето меѓусебе се прскаат со вода, за да го симболизираат новиот почеток и бришење на гревовите од старата година. Предходната најголема борба со пиштоли на вода која го држеше светскиот рекорд, беше одржана во Шпанија во 2007 година.