Тајната на Елизабет Тејлор “Џејмс Дин бил злоставуван од свештеник”

7 април, 20110
23

Елизабет Тејлор со децении ја криела тајната која за време на снимањето на филмот “Giant”  и ја доверил нејзиниот голем пријател од младоста и трагично загината филмска легенда Џејмс Дин.
Таа вели: Кога Џејмс Дин имал 11 години, и кога умрела неговата мајка, некој свештеник почнал сексуално да го злоставува. Мислам дека тоа го прогонуваше до крајот на животот. Всушност не мислам, сигурна сум! Ние често зборувавме за тоа. Додека го снимавме филмот “Giant” седевме будни со саати и разговаравме, но тоа не беше единствената работа која ми ја довери изјавила Елизабет Тејлор на новинарот Кевин Сисмс во1997 во нејзиниот замок во Бел Ер.
Кевин Сисмс по смртта на Елизабет Тејлор ја открил долго чуваната тајна, но тој вели дека морал да и вети на познатата глумица дека ќе молчи за тајната се до нејзината смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *