Меган Фокс важи за една од актерките кои секогаш се во топ форма. Таа конечно ја кажа тајната за нејзиниот убав изглед и витка линија. Меган тврди дека јаде пет пати во денот, и никогаш не е на некоја строга диета. Јадам сирова храна, и претежно тоа е овошје и зеленчук. Нормално, не сум во состојба секогаш да се хранам така со оглед на мојата професија, не можам да го практикувам тоа кога патувам или снимам, но секогаш кога можам се хранам здраво, изјавила Меган.