Манекенката и водителка, Тајра Бенкс изјави дека сака што поскоро да стане мајка. Таа е веќе извесен период во врска со бизнисменот Џон Јутендал. Не брзам за свадбата, тоа ќе се случи кога ќе имаме бебе, изјави Тајра.
Таа инаку е водителка на шоуто “Amerca’s next top model”, а исто така има и свое шоу заради кое ќе се најде пред судот. Поточно покрената е тужба бидејќи Тајра во своето шоу ја поканила 15 годишната проститутка која го раскажала својот живот. Родителите на девојката ја тужат Тајра, бидејќи таа била гостинка во нејзината емисија без нивна дозвола.