На Земјата за време од еден час се случуваат 760 грмотевици со бури

8 април, 20110
storm

Научниците пресметале дека на секој час на Земјата се случуваат 760 грмотевици со бури. Иако оваа бројка ви изгледа голема, таа беше претставена неодамна на конференцијата на Европската Унија за науки на земјата во Виена, и е значајно помала од онаа бројка за која се зборувало скоро цел век. Резултатите од новото истражување се темелат на податоците кои биле собирани од глобалните мрежи на надзорните станици за следење и детектирање електромагнетни импулси што ги создаваат молњите. Студијата открила и дека грмотевиците и бурите главно се тропска појава. “Надзорните станици може да пропуштат да регистрираат некоја бура, меѓутоа сите поголеми се забележани, а тоа е добар показател за да се дознае каде се местата каде најчесто се случуваат грмотевиците и бурите“, изјавил Колин Прајс, раководител на катедрата за геофизика и планетарни науки на Универзитетот во Тел Авив во Израел. “Благодарение на глобалните мрежи, дојдовме до точни бројки од оние кои се користеле како стандард од 1920 години“, додал тој. Резултатите покажуваат дека над секој континент поголемиот број бури се случуваат преку ден, најчесто во попладневните часови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi