Талибани: Прво Пакистан, па Америка

2 мај, 20110
pstan600
Пакистанските талибани се заканиле дека по убиството на лидерот на терористичката група Ал Каеда Осама Бин Ладен ќе ги нападнат пакистанските официјални лица, вклучувајќи го и претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари и пакистанската војска во САД.
“Нашата прва цел сега ќе бидат пакистанските официјални лица, претседателот Зардари и војската. Америка ќе биде нашата втора цел“, изјавил Ехсанулах Ехсан, портпарол на Пакистанското талибанско движење за Ројтерс по телефон од непозната локација.
По смртта на Осама Бин Ладен веќе се говори за неговиот наследник во Ал Каеда. Официјални лица на американските разузнавачки служби сметаат дека терористичката мрежа на Ал Каеда тешко ќе закрепне по смртта на нејзиниот лидер.
Според нивните проценки блискиот соработник на Бин Ладен, Ајман ал Завахири не е фигура која поседува харизма со која Бин Ладен успеваше да ги собере различните фракции на Ал Каеда.
Без митската фигура Бин Ладен, Ал Каеда може да ослабе и да се подели, оценуваат експертите од разузнавачките кругови.
Сепак, тие укажуваат дека Ал Завахири, кој бил близок соработник на Бин Ладен и една од клучните личности за операции во организациите, би можел да има големо влијание во понатамошните активнсоти на терористичката мрежа.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi