Тарана со компири и аспарагус

27 октомври, 20110
img_4682

Потребни состојки:

  • 2 големи компири
  • 7-8 стапчиња аспарагус
  • 200 гр. црн грав од конзерва
  • 200 гр. Тарана
  • Мелен црвен пипер
  • 1 лимон
  • 1 лажица оцет
  • 1 лажичка масло за јадење
  • 2 домати
  • 1 лажица мед
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Во тенџере со вода на оган сварете ја тараната во солена вода. Откако ќе се свари тргнете ја од оган и оставете ја да се изцеди.

Излупете ги компирите и исецкајте ги на парчиња, па ставете ги да се печат на температура од 180 степени целзиусови.

Во тава на оган испржете го аспарагусот, па зачинете го со мелена црвена пиперка. Извадете ги компирите од рерна по 15 тина минути печење и додадете го аспарагусот, па повторно ставете ги да се печат. Потоа додадете го гравот и печете уште 10тина минути.

Извадете ја смесата од рерна и додадете ја тараната. Добро промешајте и послужете на чинија за сервирање. Врз тараната со зеленчук прелијте сос од 2 издробени домати, сол, црн пипер, оцет, сок од лимон, масло за јадење и мед.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi