Несоницата го зголемува ризикот од инфаркт

27 октомври, 20110
nesonica

Луѓето кои патат од несоница имаат 45% поголем ризик од срцев удар отколку оние кои имаат нормален сон, покажаа истражувањата на норвешките научници од универзитетот Трондхајмс.

Овие факти се навистина веродостојни, бидејќи се базираат на податоците на повеќе од 52.000 испитаници. За време на испитувањето, кое траело 11 години, 2368 испитаници доживеале инфаркт. Бидејќи биле земени во предви одредени фактори како возраста, брачната состојба, тежината, холестеролот, физичката активност, прихолошката состојба, крвниот притисок и др., било утврдено дека несоницата е фактор кој најмногу го зголемува ризикот од срцев удар.

Според истражувањето, луѓето кои тешко заспиваат имаат 45% поголем ризик од инфаркт, оние кои не спијат многу имаат 30% поголем ризик, додека оние кои не се одмараат додека спијат имаат 27% поголем ризик.

Досегашните студии покажаа дека одредени проблеми за време на спиењето, како недоволно сон или состојбата на прекинување на дишењето за време на спиењето се карактеризираат со два биомаркери кои се јавуваат и кај кардиоваскуларните болести. Станува збор за два протеина кои се поврзуваат со воспалителните процеси.

Научници советуваат оние кои имаат проблеми со спиењето веднаш да побараат стручна помош од лекар, бидејќи такви проблеми релативно лесно се лекуваат, а значително го подобруваат здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi