Јохан Тарчулоски утринава е префрлен од Хаг во германски затвор во гратчето Диез, близу германскиот град Келн.
Тарчулоски таму ќе го одлежи остатокот од 12 годишната затворска казна, а одлуката за неговиот трансфер беше донесена од претседателот на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон.
Тарчуловски, во јули 2008-та е прогласен за виновен за планирање и командување на полициската акција во скопското село Љуботен за време на воениот конфликт.
Во мај годинава судот на Јохан Тарчуловски му ја потврди законската казна на 12 години.
Јохан во затворот во Шевенинген се наоѓа од 16 март 2005 година, кога по барање на Трибуналот беше екстрадиран во Холандија.
Извор: Нетпресс