Таткото на Лејди Гага го „ клецнал“ нејзиниот учител по пијано

popara9 август, 20111min00
gaga

Контроверзната пејачка Лејди Гага признала дека нејзиното детство било многу трауматично и до ден денеска не го заборавила тепањето од својот татко, но и неговото лошо однесување кое таа го гледала како девојче.

Иако, често се шпекулирало дека  оваа славна 25 годишна пејачка има големи последици од растењето во несоодветни услови, Лејди Гага и самата конечно тоа го потврдила, откривајќи дека имала трауматично детство.

Поточно, контроверзната пејачка признала дека нејзиниот 54 годишен татко Џо, редовно ја тепал, таа постојано имала модринки по телото, но и дека на неа многу голема влијание имале и неговите експерименти во сексот.

Неодамна, пејачката во една радио емисија објаснила дека клавир научила да свири благодарение на еден стриптизер, кој го најмил татко и, а со кој тој подоцна имал сексуални односи. Пејачката тогаш имала само четри години, и како што самата рекла, тогаш неможела да ја сфати тежината на тоа што го гледала.

За него ништо не било чудно, па така пред да отиде на концерт на Брус Спрингстин имал сексуални односи со неколку девојки на шеталиштето во Њу Џерси, вака Гага ја започнала нејзината исповед за трауматичното детство.

„За мој прв учител по пијано ангажираше еден стриптизер со кој подоцна тој имаше сексуални односи, па така за една цена добиваше две услуги. Покрај тоа на мене применуваше насилни воспитни мерки и често ме тепаше. Некогаш со денови го памтев „ќотекот“, бидејќи некогаш неможев да движам со одредени делови од телото“, раскажала пејачката. Таа додала дека семејството ја научило да нема предрасуди и да проба се в животот, па така брзо западнала во пеколот на дрогата и станала зависна од кокаин.

Иако, денеска таа не му замерува на својот татко за развратниот живот, таа не сака да ги намали неговите заслуги, бидејќи токму тој ја натерал да оди на рехабилитација и одвикнување од дрога.

„Џо во некои ситуации беше одличен татко. Кога дозна дека консумирам кокаин, ме претепа. Ме натера да одам на лечење. Иако имав трауматично детство, мило ми е што во тешка ситуација ми помогна и ме извлече од пеколот на дрогата“, изјавила Гага.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag