Тажна приказна! Девојче од џунгла родено без екстремитети! :(

3 декември, 20110
mex

Осум годишната Yovana се родила без раце и нозе. Станува збор за болест позната како „Амелиа синдром“, од која заболува едно од 20.000 деца, но повеќето од нив умираат веднаш по раѓањето.

Малото девеојче го опишуваат како упорно и мило. Потекнува од едно село од перуанската џунгла, а откако нејзините родители се обратиле во медиумите и ја раскажале својата приказна, веднаш се јавиле лекарите од една клиника од Мексико Сити, кои сакаат да и помогнат и да и вградат протези.

„Добро ги проучувавме нејзните рамења, но не успеавме да најдеме ниту еден зглоб, ниту едно парче коска кое може да одговара на рака. Нема рамења, ниту колкови. Зглобовите едноставно завршуваат во вид на шуплини кои се споени со коските. Поради сето ова невозможно е да се стават притези како оние што ги имаат луѓето кога им се ампутирани нозе или раце“, објаснил доктор Луис Рубио.

Со оглед на тоа дека нема да може да и се постават обични протези, докторите ќе развијат посебен корсет на кои ќе има прицврстено екстремитети.

„Таа за мене е кукла. Нејзниот татко, јас, нејзините сестри, сите сме многу среќни. Од оваа болница мојата ќерка ќе си замине со раце и нозе“, среќно изјавила мајката на девојчето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi