Тажна приказна и крај за едно големо пријателство! :(

popara8 ноември, 20111min00
Bella

Слоницата Тара, неможе да ја преболи смртта на својата најдобра другарка, кучето Бела.

Тара и Бела скоро десет години биле неразделни и беа дел од оние необични животниски пријателства. За жал, пред десет дена дојде крај на ова големо другарство, кога Бела била задавена од којоти.

Оттогаш Тара е повлечена и тивка, нејзината болка и тага ја забележале сите, како слоновите, така и жителите на Нешвил. Сите и носат храна, постојано се со неа, но таа никако неможе да ја преболи смртта на Бела, кучето кое го засака уште првиот ден кога дошло во засолништето.

Директорот на ова засолниште на слонови, Стив Смит, изјавил дека телото на Бела било пронајдено во дворот, а тоа не било местото каде таа била задавена од којотите. Потоа утврдиле дека по телото на Тара има траги од крв, а тоа покажало дека токму Тара ја пронашла Бела и ја довела до нивното живеалиште.

httpv://www.youtube.com/watch?v=oD_QAi5PDGI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *