Тажна приказна, младоженецот се убил неколку часа по венчавката! :(

25 ноември, 20110
1

„Неможам повеќе да издржам. Те молам погрижи се за нашите деца“, напишал Фернандо Браизер (28) во прошталното писмо на својата сопруга и заминал да се убие.

Самоубиството го извршил неколку часа по венчавката со својата долгогодишна љубов Трудиан Хеј (26). Пораката и ја оставил на рецепција во хотелот во Њу Јорк во кој младенците ја поминале својата прва брачна ноќ.

Фернандо со такси заминал до брегот на реката Харлем и скокнал во неа од зграда. На сопругата и напишал каде ќе го најде полицијата неговото тело.

Фернандо и Трудиан биле во врска уште од средношколските денови, имале две ќерки на возраст од 5 и 2 години. Последните два месеци Фернандо бил многу депресивен одел на терапии и брачно советување со сопругата.

Роднините и пријателите биле во шок, изјавиле дека на денот на венчавката Фернандо бил многу среќен и дека уживал со сопругата и децата. Наредниот ден и рекол  на сопругата дека ќе оди да се прошета и нкогаш не се вратил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi