Тематски парк посветен на Hello Kitty! Е уште тоа фалеше…
26 декември, 20110
![Hello-Kitty-theme-parkaaaaaaa](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/12/Hello-Kitty-theme-parkaaaaaaa.jpg)
Изгледа дека никогаш не е доста од Хелоу Кити, особено кога станува збор за Јапонците. Тие толку многу си ја сакаат својата икона, што направија и забавен парк посветен на Хелоу Кити.
Љубовта на Јапонците кон Хелоу Кити е навистина фасцинантна. Откако ја поставија првата Хелоу Кити парада во октомври, само во првата година се собраа дури 700 000 фанови на слаткото и премногу розево маче.
Паркот Хелоу Кити Каваи Парадајс се наоѓа на островот Одаиба и засега нема многу посетители, најверојатно затоа што се наоѓа многу далеку од Токио.
Најдобар опис за тематскиот Хелоу Кити парк што може да ви го дадеме е розево, розево, розево… Погледнете и самите како изгледа сето тоа: