Victoria’s Secret направи уште една жешка летна колекција на спортска облека VSX Sexy Sport, дизајнирана да ги задоволи високите критериуми на убавината и функционалноста.
Ерин Хеатертон, модел во познатата модна куќа, во прилженото видео со своето совршено тело покажува некои од неодоливите парчиња на новата спортска колекција.
httpv://www.youtube.com/watch?v=_YgVO_LYtDw
“Колекција VSX е одлична поради функционалноста, а и изгледа одлично”, изјави Ерин за People. “Куќата Victoria’s Secret е голем експерт за градници и јас сум многу радосна што сега нуди и спортски варијанти. Сега ми е удобно за време на вежбањето. ”
Со подготовките за годишната модна ревија на Victoria’s Secret што ќе се одржи во ноември сеуште не започнала . Хеатертон вели дека во овој момент се уште не чувствува притисок, но наскоро ќе оди на фитнес.
“Во моментов се одмарам”, вели убавата моделка, додавајќи дека за шоуто линијата ќе ја дотера со трчање, возење велосипед, со многу јога и пилатес.