Тест кој покажува колку долго ќе живееме?

17 мај, 20110
testiranje

Колку би платиле за информацијата за должина на вашиот живот? Првата компанија која го нуди одговорот на ова прашање, а врз основа на научни сознанија, ќе ви ја продадат оваа информација за нешто помалку од 550 евра.

Тестот кој ќе може да ја процени должината на животот ќе биде достапен на граѓаните на Велика Британија кон крајот на оваа година, јавува The Independent.

Цената на анализата на крвта ќе биде 400 британски фунти, а во лабораторијата по крвните тестови, ќе ги измерат и виталните структури на врвовите на хромозомите, кои се нарекуваат теломери. Всушност, нивната должина се поврзува со стареењето.

Научниците веруваат дека тестот ќе ја покаже биолошката старост, односно дали сме постари или помлади според за нашата доба.

“знаеме дека лицата родени со пократки теломери, имаат и пкраток век на живеење. Сепак, не ги знаеме резултатите и од долгите теломери дали влијаат на подолг животен век. Тоа се уште не е познато за луѓето“, изјавила д-р Марија Бласко, од шпанскиот национален центар за истражување на рак, кој се наоѓа во Мадрид, а чија фирма стои позади овие комерцијални тестирања.

Нејзината компанија Life Length преговара со голем број дијагностички компании низ Европа со кои сака да договори воведување на овој н ов тест.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi