Тестаментот на Бин Ладен: Не сакам децата да ми бидат во Ал- Каеда

3 мај, 20110
Osama-Bin-Laden-dead-killed-650x487

Последната желба на Осама Бин Ладен, според неговиот тестамент, била дека не сака неговата жена да се предаде после неговата смрт и неговите деца да не се приклучат кон Ал- Каеда, пишува “Блиц“, пренесува НетПрес.
Кувајтскиот дневен весник “Ал- анба“, го објавил тестаментот на Бин Ладен, кој бил напишан на 14 декември 2001 година, само три месеци по нападот на 11 септември, додека американските сили го барале лидерот на Ал- Каеда по авганистанските пустини.
Документот на четири страни е напишан на компјутер, а е потпишан како “вашиот брат Абу Абдула Осама Мухамед Бин Ладен“. Во тестаментот, Бин Ладен наводно предвидел дека ќе биде убиен заради “предавство“ од оние кои го окружувааат.
Кувајтските весници не објавиле на кој начин дошле до тестаментот и како ја потврдиле неговата веродостојност.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi