Кога станува збор за шминката може толку многу да се експериментира. Освен со шминката на очите, нанесувајќи повеќе нијанси и бои на сенки, сега и на устата може да го направите истото. Новиот тренд особено ќе ги погоди ексцентричните личниости.
Станува збор за привремената тетоважа на усните. За само неколку минути, колку што е потребо да се отслика тетоважата на вашите усни, вие ќе бидете посебна. Се нанесува многу лесно, се лепи стикерот и се тапка. Освен тоа што ќе имате кармин кој ќе трае осум часа, воедно и ќе ја негувате кожата на усните бидејќи карминот има многу витамини кои се потребни за нега.