Тинејџерите сакаат BlackBerry а возрасните iPhone

popara8 август, 20111min00
telefoni

Британскиот Ofcom, регулаторното тело во областа на телекомуникациите, објавил свој годишен извештај во кој открива како смартфоните го промениле социјалниот живот на луѓето.

Освен податоците дека 37% од восрасните и 60% од тинејџерите изјавиле дека во голема мерка зависат од своите смартфони, интересен е и податокот дека 32% од возрасните корисници на смартфоните изјавиле дека iPhone е нивниот омилен уред, додека кај младата популација најпопуларен е BlackBerry, со 37%.

Потврдата за зависноста од смартфон Ofcom ја изнесува во вид на податоци за тоа колку луѓе користат свој смартфон во текот на паузата за храна – 23% возрасни и 34% тинејџери, но многу од нив не се откажуваат од комуникацијата по пат на смартфон ниту кога се во тоалетот (во проценти 47% тинејџери и 22% возрасни).

Меѓу тинејџерите корисници на смартфоните има повеќе жени, 52%, додека нивниот процент кај возрасната популација на смартфоните е 42%.

Помладите веќе го напуштаат традиционалните медиуми во корист на смартфоните, 23% тинејџерите изјавиле дека помалку гледаат телевизија, а 15% од нив дека читаат помалку книги откако се сопственици на смартфон.

Према податоците до кои стигна Ofcom, 47% од британските тинејџери се власници на смартфон и 27% од возрасните, а процентот на домови кои имаат пристап на интернет во 2011 год. изнесува 76%.

Поголемиот дел од возрасните корисници на смартфони, 59%, истиот го купила во последните 12 месеци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma