Се повеќе тинејџерите во САД ја користат марихуаната, за која претпоставуваат дека има најмало влијание и ризик за влошување на здравјето, додека потрошувачката на алкохол паднала на најниско ниво од седумдесеттите години од минатиот век. Сето ова го утврдиле експертите од Универзитетот во Мичиген.
До овој заклучок се дошло преку анкета во која биле вклучени дури 47.000 американски тинејџери. Секој петнаесетти ученик во средните училишта во САД оваа година пушел марихуана речиси секојдневно, што претставува највисоко ниво од 1981 година. Потрошувачката на марихуаната меѓу американските тинејџери во 2011 година се зголемува четврта година по ред.
Трендот на опаѓање на консумирањето алкохол меѓу тинејџерите, се должи на поголемата употреба на марихуана.
Во 2011 година во американските држави меѓу тинејџерите е опадната и бројката на консумирањето останати дроги, како кокаин, крек и некои синтетички дроги.