Во престојната пролетна сезона која со нетрпение ја очекуваме, освен анимал принт, цветните дезени, и пругасти дезени се почесто во најновите колекции на врвните дизајнери се забележуваат точкастите дезени.
Кога станува збор пак за бојата најзастапени се портокаловата, сината и зелената боја.
Точкастите дезени се застапени на фустаните, здолништата, шорцевите, чевлите, чантите и другите модни додатоци. Тие играат главна улога на најновите ревии на Пол Смит, Миу Миу, Луј Витон, Прада и многу други.