Од лондонскиот клуб Арсенал, вчера, пристигнала потврда дека Самир Насри нема да патува со соиграчите во Удине, за вториот меч од квалификациите за Лигата на шампионите. Насри наводно потпишал договор за Манчестер Сити.
Францускиот фудбалер(24) го чинел Манчестер Сити дури 25 милиони фунти. Ова претставува импресивна сума со оглед на тоа дека Насри има само уште една година договор со Арсенал, и можел идната година да си замине бесплатно.
Како и да е, Сити добива уште едно квалитетно засилување, со кое ќе им биде уште посериозен конкурент за титулата на Манчестер Јунајтед и Челзи. Арсенал од друга страна е ослабен, си замина и вториот мотор на екипата, откако Цеск Фабрегас минатата недела потпиша за Барселона.