Во исчекување на “мачорот во чизми” во 3D

24 август, 20110
puss-jumps-spotlight-puss-in-boots-motion-poster

Тимот на „DreamWorks SKG“ вчера објави симпатичен постер за филмот „Мачорот в чизми“. Постерот се движи и Мачорот си игра со еден сноп светлина. Онатаму, на постерот е прикажан мачорот во неговите препознатливи чизми, на главата ја носи шапката со пердув, а околу појасот му е мечот.

„Мачорот в чизми“ е инаку приказна за забавниот и храбар Мачор и неговите авантури со истомисленикот Хампти Дампти. Понатаму во приказната се појавува итрата Мачка која  ја краде прочуената Гуска што ги лежи Златните јајца.

За овој анимиран 3D филм, своите гласови ги позајмија: Антонио Бандерас како Мачорот, Селма Хајек е Мачката со меки шепи, а Били Бон Тортон и Ејми Седарис ќе ги препозанете во гласовите на Џек и Џил. Режисер на овој филм е Крис Милер. Премиерата е закажана за 4 ноември 2011 година.

Тука е прикажан целиот постер во движење:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *