Најдобрите „денсери“ на сите времиња

popara31 декември, 20113min00
article_jackson09

Еден настап или видео би немало никаква магија, ако пејачот е „тапа“ за играње и само стои пред камерата без воопшто да се движи. Факт е дека колку е подобар „денсерот“, толку подобар ќе излезе настапот, а со тоа и гледаноста на видеата и посетеноста на концертите рапидно расте. Моќта истовремено и да пеат и да играат ги прави некои пејачи да бидат незаменливи ѕвезди на сите времиња. Нивните чекори многупати се имитирани, но секогаш со доза на бледило…                                                                                                                                                                      Еве ја целосната листа на десетте најдобри „денсери“ на сите времиња, а ние решивме да ве почестиме и со по неколку коментари од нивните најголеми фанови.

 

 1.       МАЈКЛ ЏЕСКОН

 

  • Тој е Бог на „денсот“!
  • Тој го инспирираше целиот свет!
  • Тој е Кралот и секогаш ќе биде. Засекогаш Мајкл Џексон!!!
  • Најдобриот „денсер“ во историјата на времето, го сакам толку многу, тој е толку добар, Мајкл засекогаш ќе биде во нашите срца. НАПРЕД МАЈКЛ!
  • Кралот-„денсер“, тој е најдобар во целиот свет, никој не може да му се фати ни за малиот прст на МЏ.

2.       ПРАБУ ДЕВА

 

  • Прабу Дева е феноменален „денсер“. Тој е дијамантот на Индија.
  • Тој е најдобар од најдобрите… нешто како Бог и тој навистина е Бог на „денсот“ во Индија.
  • Заслужува да биде прогласен за најдобар. После смртта на Мајкл Џексон тој е најдобриот жив „денсер“ на светот.

3.       ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ

 

  • Најдобриот „денсер“ на сите времиња, за тоа нема сомнеж! Таа истовремено е толку убава и тоа го прави нејзиното играње уште подобро. Никој не танцува подобро од неа. Не ми е јасно зошто е на 3-то место кога треба да биде на 1-во.
  • Обожавам да ја гледам како игра и имам цела колекција од нејзините видеа.
  • Само погледнете ја во „Shall We Dance“ и сè ќе ви стане јасно!

4.       ШАКИРА

 

  • Сакам сè што е поврзано со Шакира. Особено нејзината песна „Hips Don’t Lie“. Неверојатна е!
  • Штооо? Не е на 1-во место? Таа е кралица за играње. Заразно е да ја гледаш!
  • Шакира е на место 2 веднаш по Мајкл Џексон. Нејзините чекори се маѓепсни!

5.       КРИС БРАУН

 

  • Го обожавам Крис Браун бидејќи може да го изигра секој можен „денс“ чекор.
  • Апсолутна хармонија на играње и чекори. Тој е најдобриот. Нов со нови чекори. Го обожавам! Само гледајте го „Storm The Yard“ и дозволете да бидете фасцинирани!
  • Крис е најдобар, бидејќи е нов на сцената и е доста инвентивен.

 6.       ФРЕД АСТЕР

 

  • Никој никогаш не му се ни доближил на Фред. Сè што треба да направите е да погледнете некој од неговите филмови од 1940-тите.
  • Луѓето ќе го гледаат и ќе се воодушевуваат од Фред и после 1000 години. Ете толку е добар!

7.       ХРИТИК РОШАН

 

  • Хритик го заслужува 2-то место, а еве зошто: неговите чисти чекори и совршени движења, движењето и ритамот му се едно.

Само ѕирнете било кое негово видео на „Youtube“…

  • Најдобар индиски „денсер“… фантастичен е …

Начинот на кој се движи… вистинско уживање е да се гледа како тој игра…

8.       ЏЕНА ДИВАН

 9.       МАДОНА

 

Таа усоврши многу стилови на играње во текот на нејзината кариера. Иако има доста ескперти посветени само на еден стил, сепак, Мадона промени и доведе до перфекција цела палета на различни „денсови“, а да не споменуваме дека има тренирано балет и е екстремно флексибилна.

10.   ПОЛА АБДУЛ

 Бесна сум! Пола ја немаше на листава. Таа е вистински „денсер“ и го докажа тоа во сите нејзини музички видеа. Го обожавам нејзиното играње, а особено чекорите…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag