Топ 10 чоколадни дестинации

12 јули, 20110
neuhas

Светот е вљубен во чоколадите уште од 1100 п.н.е, кога за прв пат беше одгледувана од средно американците. Ова се топ десете туристички дестинации за зависниците од чоколадо, нема подобри места од овие за да ги вкусите едни од најдобрите чоколади.

10. Cologne, Germany – ова е чоколадниот град на Германија, Келн е домот на чоколадото Stollwerck, кој во својата младост беше втор најголем снабдувач на чоколадо во САД.

9. Tain L’Hermitage, France – малиот град во државата на виното, недалеку од Лион, L’Hermitage е светски познат производител на чоколадите Valrhona.

8. Hershey, Pennsylvania – опишано како најслаткото место на Земјата, градот првично наречен Derry Church, беше преименуван во 1906 година во Hershey, а тоа се должи на популарноста на чоколадите со исто име.

httpv://www.youtube.com/watch?v=0TcFYfoB1BY

7. New York, New York – како и повеќето работи во Њујорк, чоколадите доаѓаат од сите страни на земјината топка. Покрај сите фантастични продавници за чоколади, посетителите може да одберат и различни тури како New Cuisine Chocolate Tour или Luxury Chocolate Tour, каде може да се научи се за убавите продавници и да се вкусат најубавите чоколади.

6. Villajoyosa, Spain – често нарекуван чооладен град, чоколадната историја на овој град започна во 18 век, кога почнаа да увезуваат какао од Венцуела и Еквадор. Во градот е најстарата фабрика за производство на чоколадо Valor, која е основана во 1881 година. Тука исто ќе го најдете и неверојатниот чоколаден музеј.

5. San Francisco, California – во оваа област во САД се наоѓа еден од најстарите производители на чоколадо, па така ова е едена од најпосакуваните дестинации за љубителите на чоколадите.

4. Oaxaca, Mexico – старите средно американци беа првите производители на чоколади воп светот  и Мексико од тогаш продолжи со традицијата се до ден денешен. Денеска во Oaxaca, го имаат прифатено чоколадото како дел од нивната традиција и култура, а посетителите во овој град речиси е невозможно да прошетаат по улиците, а да не бидат понудени со чоколадо во било која форма, топено, чоколадни бомбони и други какао слатки.

httpv://www.youtube.com/watch?v=7uT3SnPb5P0

3. Barcelona, Spain – шпанците се првите европски народи кои го искусија чоколадото, а Барселона е центар на љубителите на чоколади. Градот може да се пофали и со тоа што првата машина за правење чоколади е изградена токму таму во 1780 година. Исто така тука ќе го најдете музејот на чоколадите Museo de La Xocolata, во кој има од чоколадни скулптури до топло чоколадо за напиток.

2. Zurich, Switzerland – Швајцарија троши повеќе чоколадо по лице од било која друга земја во светот, а со светски реномираните компании за чоколади Cailler-Nestle, Toblerone, Lindt, Treuscher и Sprungli, не е ни чудно што често се вели дека швајцарското чоколадо е најдоброто во светот.  Цирих е срцето за производство на чоколади, но не заостануваат ни Lindt, Treuscher и Sprungli кои имаат голем број на фабрики и продавници за чоколади.

1. Brussels, Belgium – целата земја Белгија е рај за чоколадните зависници. Тука има 12 различни фабрики за чоколадо и повеќе од 2100 продавници. Градот е дом на две најголеми чоколадни компании во светот Godiva и Leonidas.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit