Во одреден момент, сите ние сакаме да видиме дали “среќната дама“ е на наша старана и не постои подобро место да го искусите тоа освен во фантастичните казино хотели и одмаралишта. Овие хотели нудат многу повеќе од коцкање. На ниедно друго место нема да најдете подобро сместување, највкусни специјалитети, убави плажи, песок, спа, забава и шопинг, а сето тоа на едно место. Затоа одморот не го оставајте на случајноста. Дефинитивно ќе уживате ако одберете некој од овие топ 10 казино хотели.
1. САД – Атлантик сити – Трамп Таџ Махал (Trump Taj Mahal)
Влезот на ова место е со огромни статуи од камени слонови кои го чуваат самиот влез на 51 приказната за казино хотелот, 70 минариња кои се гледаат на надоворешноста на зградата. Величенственоста на ова казино се огледа и во лустерот од кристали во центарот на фојаето, има 1250 соби кои повеќето гледаат кон Атланскиот Океан. Едно од најголемите казина на светот со повеќе од 4,2 милиони квадратни метри затворен простор, и постои можност да ги дуплирате вашите пари, преку слот машините, рулет тркала, покер маси. По играта, можете да се опуштите во разните активности како, спа, џакузи, бањи, сауни, внатрешен базен и многу други нешта кои ги поседуваат ваквите луксузни хотели.
2. САД – Детроит – МГМ Гранд Детроит (MGM Grand Detroit)
Лас Вегас на Средниот Запад, токму тоа претставува ова место. 800 милиони вредниот MGM Grand Detroit казино и одмаралиште, кое е отворено во есента 2007 година, е ултра модерно, елгантно, софистицирано и ги привлекува луѓето на дневна основа. Казиното може да се пофали со 90 маси за играње, 4000 слот машини и видео покер. Хотелот има 400 соби и апартмани, ресторани со врвни готвачи на славните ѕвезди и 20000 квадрати бања и спа центар. Ова може да се нарече помала сестра на MGM Grand Hotel & Casino во Лас Вегас.
3. САД – Лас Вегас – МГМ Гранд Хотел и Казино (MGM Grand Hotel & Casino)
Мисли големо, играј големо, победи големо е мотото на ова место. Нема ништо мало во врска со овој хотел и казино, но нема ништо тука изненадувачко, бидејќи сепак е во Лас Вегас. Во сопственост и управувано од MGM Mirage компанијата, 30 катната зграда е само 293 метри висока има 5044 соби, 5 надворешни базени, река, водопади кои покриваат 6 хектари. А сево ова не ги вклучува центарот за конвенции, големиот спа центар, многу бројните ресторани. Самото казино е 171.500 квадратни метри, а поделено е во четри одделни области за играње. Секоја игра на коцкање што можете да ја замислите ќе ја најдете токму тука на едно место.
4. САД – Њу Орлеанс – (Harrah’s New Orleans)
Овој хотел со 450 соби и казино е лоциран во центарот на ревитализираниот град Њу Орлеанс. Добро уредените се соби и апартмани имаат телевизори со висока дефиниција, како и спектакуларни погледи од прозорците на Мисисипи реката и самиот град, кој особено е убав навечер. Долу во 150.000 квадратното казино, посетителите може да уживаат во многу бројните облици на коцкање и тоа 24 часа на ден, од игри со карти, слот машини, рулети и други. Лоциран на само неколку чекори од францускиот кварт и конгресниот центар, постојат и други облици на забава доколку вашата среќа ја снема. Ако пак не сакате да излезете од ова место, можете да одите во ноќниот клуб Masquerade.
5. Австралија – Јупитер Хотел и Казино (Jupiters Hotel & Casino)
Лоциран на тропскиот остров во Квинсленд Голд Коуст, Конрад Јупитер е еден од најголемите хотели во Австралија. Секоја од 593 гостински соби има поглед кон Океанот, а хотелот исто така има 29 луксузни апартмани и 2 пентхауси со балкони. Самото казино е отворено 24 часа и има посебна ексклузивна соба за играње – Club Conrad. Неодамна казино е реновирано со 53 милиони долари, а местото денеска нуди повеќе од 70 маси за играње и повеќе од 1300 машини за играње. Откако ќе ги задоволите вашите апетити за играње, не заборавајте да ги посетите петте врвни ресторани, базенот, фитнес центарот и тениското игралиште.