Топ 10 композитори на сите времиња

popara29 август, 20112min00

Според еминентните музички критичари од медиумската машинерија на Њу Јорк во соработка со читателите и слушателите изведена е листа на топ 10 класични композитори на сите времиња. Еве ја листата:

1. Јохан Себастијан Бах (1685-1750)

Тој е Германски композитор кој ракувал со органиски инструменти, со виола, виолина и друго, и чии дела го отсликуваат Барок периодот од историјата.

2. Лудвиг Ван Бетовен (1770-1827)

Се смета како најпознат и највлијателен композитор и пијанист на сите времиња. Во неговите дела се обидува да направи спој од Класичната ера и Романтизмот како дел од Западната уметничка музика.

3. Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791)

Неговото вистинско име е Јохан Крисостомус Волфгангус Теофилус Моцарт, и е припадник на композиторите од Класичната ера. Има изработено повеќе од 600 дела низ кој се забележуваат симфониски, пиано , хор , оперски итн музички правци.

4. Франц Петер Шуберт (1979- 1828)

Иако е загинат на млади години Шуберт е докажан плоден композитор изработувајќи околу 600 романтично-уметнички песни, дури цели девет симфонии од кој најпозната е онаа „Недовршената симфонија“ (Unfinished Symphony)

5. Клод Ахил Дебаси (1862-1918)

Еден од најпроминентните фигури на Француската импресионистичка музика, чии дела во центарот на вниманието на Европската музика на 20 век. Дебаси е композитор на „Легиите на честа“ , напишана во 1903.

6. Игор Стравински ( 1882- 1971)

Роден како Русин, натурализиран Французин, а на крај натурализиран Американски композер, пијанист и диригент. Тој е еден од највлијателните музички композитори на 20 век.

7. Јохан Брамс (1833-1897 )

Тој е водечки композитор и пиjанист од Романтизмот и понекогаш го ставаат во групата „Трите Б“ заедно со Бах и Бетовен.

8. Џузепе Верди (1813-1901)

Претежно со творење во операта, Верди е претставник на Италианскиот Романтизам, и се смета како највлијателен композитор на 19 век. Негови попознати дела се „La donna e mobile Riguletto“, „Va pensiero“ од Nabucco, “Libiamo ne`lieti calici“ од „La traviata“ и „Grand March“ од Aida.

9. Ричард Вагнер (1813- 1883)

Германскиот композитор, диригент, театарски директор и писател на есеи, својата репутација ја има стекнато претежно со работа во оперите. Најпознат е по своите дела како : „ The Flying Dutchman“ и „Tannhäuser“.

10.  Бела Барток (1881-1945)

Унгарски композитор и пијанист, кој преку студиите за народната музика е основач на етномузикологијата. Тој се смета за најдобриот и најважниот композитор (заедно со Лисц) на Унгарската музика во дваесетиот век.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma