Tоп 10 најдобри Антивирус софтверски компании/производи

popara29 август, 20112min00

Касперски

Касперски Лаб е Руска компанија за безбедност на компјутерите, формирана од Наталија и Еуген Касперски во 1997, која нуди анти-вирус, анти-спајвер, анти-спам и анти-присвојување производи.

Сегашните линија на производи за домашните корисници на Касперски содржи: Касперски интернет безбедност (KIS) 2011, Касперски Анти-Вирус (КАV), Kасперски мобилна безбедност (KMS) и AVZ Aнтивирална алатка, Касперски Анти-Вирус за Мac, Касперски пасворд менаџер, Касперски Криптостораџ. Во 2010, Касперски потрошувачки безбедносен комплет наречен Касперски пјур. Касперски производите се широко користени низ Европа и Азија. Во САД, базирано на информациите за продажба на NPD, Касперски Лаб беше рангирана како најбрз растечки софтвер за интернет безбедност.

AVG

Ова е еден од најпопуларните антивируси! Основна антивирус и антиспајвер заштита за Виндоус е достапна да се симне од интернет без пари. Огранчени карактеристики, но и подршка, само за приватна и некомерцијална употреба.

Бит Дефендер

Најдобриот Антивирус кој заштитува од вируси и друг малвер. Овој антивирус има проактивна заштита со повеќе слоеви од нови и непознати закани.

Аваст

Аваст Антивирус софтверот обезбедува комплетна заштита од вируси за твојот компјутер. Овој антивирус содржи и анти-спајвер, фајрвол и антиспам модули за да ве заштити од шеми, кражби на идентитет и вируси од веб страните.

Нортон (Symantec)

Нортон Антивирус, развиен и дистрибуиран од корпорацијата Симантек, обезбедува заштита и отстранување на малвер. Тој користи потписи и хеурестика за да идентификува вируси. Останатите карактеристики вклучуваат и е-меил спам заштита и заштита од кражба на идентитет.

 Авира

 

„Авира софтверот за безбедност” се однесува на софтверите за антивирус и Интернет безбедност за Виндоус, Линукс, FreeBSD, Open BSD, и Солариус компјутерските платформи од Авира. Овие апликации се базирани на антивирус направата позната како „Luke Filewalker”, која била активирана во 1988.

На 17 октомври, 2008, беше пуштено во продажба големо унапредување на овој софтвер, што ја зголеми брзината на сканирање за 20%.

Авира Gmbh периодично ги „чисти” вирусните фајлови, преку заменување на специфичните потписи со генерички, што резултира во генерално зголемување во перформансот и брзината на скенирање. Последното чистење на датабаза беше направено на 27 октомври, 2008, што предизвика проблеми кај персоналните корисници на овој софтвер. Проблемите беа при надоградувањето и спорите сервери на софтверот. Поради таа причина Авира додаде дополнителни 6 гига сообраќај за нејзините персонални корисници и го смени процесот на надоградување: денеска постојат 32 помали дефинициони фајлови кои се надограуваат навреме за да се избегнат пречките во симнувањето на надоградувањата на антивирусот.

Есет (Nod 32)

Есет NOD32 Антивирусот, попознат како NOD32, e софтверски антивирус пакет произведуван од словачката компанија ЕСЕТ. Овој антивирус се продава во две изданија, домашно и бизнис издание. Пакетите од бизнис изданието имаат ЕСЕТ администратор за управување кој овозможува користење и менаџмент на серверите, кој ги разгледува надградувачките датабази на заканите и нивната способност да се инсталираат на Микрософт виндоус оперативните системи.

Панда Секјурити

Панда Секјурити (Panda Security), порано позната како Панда софтвер, е компанија за компјутерска безбедност основана во 1990 од поранешниот претседател на Панда, Микел Уризарбарена, во градот Билбао во Шпанија. Почетно била сконцетрирана на производство на антивирус софтвер, но подоцна ја проширила линијата на апликациии која сега вклучувала: фајрвол апликации, апликации за откривање на спам и спајвер, технологија за заштита од сајбер криминал, и останати алатки за заштита и менаџмент на системите за бизнис и домашни корисници.

Производите на Панда вклучуваат безбедносни алатки за домашни корисници и компании, вклучувајќи и заштита за сајбер криминал и видови на малвер кои можат да ги оштета IT системите, како што се спамот, хакерите, спајверот, непосакуваните веб содржини, како и откривање на натрапници во WiFi. Неговата заштитна технологија, брендираниoт TruPrevent, е сет од проактивни способности чија цел е блокирање на непознати вируси и натрапници. Во 2007 Панда воведе нов колективен безбедносен модел за податоци, кој има компјутерски преглед на собирањето и откривањето на малвер.

Mек Афи

McAfee VirusScan е програма за антивирус креирана и одржувана од McAfee. Inc. (порано познато како Network Associates). Мек Афи се продава на домашни и домашно-канцелариски корисници; Мек Афи исто така развива и антивирус за корпорации. Производот сега е достапен и како посебен пакет, но исто така е вклучен и во McAfee ViruScan Plus пакетот како дел од McAfee Internet Security Suite. Мек Афи исто така произведува слични производи и за Mac OS X под името „VirusScan for Mac”.

Вебрут

Вебрут влезе на пазарот во 2004 со основањето на Webroot Spy Sweeper компанијата, која го комбинираше Spy Sweeper со технологија која им овозможува на IT администраторите да користат антиспајвер заштита за целата мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag