Топ 10 најубави принцези во светот

popara16 август, 20111min01

Денес, во прилог ви ги прикажуваме најубавите жени на светот од кралските семејства. Убавината е предност и моќно оружје во сечии раце, било да е тоа принцеза или обична жена, од причина што секогаш може да му запнете за окото на некој принц и да се омажите за него. За жал или сте родени со неа, или колку и да се обидувате никогаш нема да успеете да им стигнете ни до колена на овие десет убавици.

 

1. Кралицата Раниа, Јордан

Кралицата Раниа од Јордан е една од најубавите жени припаднички на кралско семејство. Раниа го сретнува кралот Абдула II (кој во тоа време бил само принц) од Јордан во јануари 1993 година на една вечерна забава и само после два месеци тие ја објавуваат нивната венчавка. Се венчаваат на 10 јуни, 1993 година.

Раниа, која има четири деца, е добро позната по нејзината инволвираност во филантропски, добротворни и културни активности. Таа се залага за подобрување на квалитетот на образованието во Јордан. Освен тоа, таа со елан работи на глобалното образование и ги поттикнува светските лидери да ги остварат нивните ветувања за остварување на втората милениумска цел за развој.

 

2. Принцезата Масако, Јапонија

Крунисаната принцеза Масако е најстарата ќерка на Хисаши Овада, поранешен претседател на интернационалниот Суд на правда. Масако се венчава со Неговото Кралско Височество крунисаниот принц Нарухито на традиционална венчавка на 9 јуни 1993 година.

Масако и Нарухито имаат едно дете – принцезата Аико – родена на 1 декември 2001 година. Раѓањето на ќерка предизвикало големи немири во Јапонија, од причина што многу луѓе се прашувале дали законот за кралско машко првородство ќе се смени за да дозволи и женски наследник на Хризантемскиот Трон.

Јапонските законодавци планирале да го сменат законот и да им се дозволи на женските наследници да се качат на тронот, а со тоа наследувањето на продолжи на стабилен начин.

Сепак, планот се изјаловил откако на деверот на Масако, принцот Акишино и на неговата жена, принцезата Кико им се родило трето дете – синот Хисахито.

Од 2002 година, Масако е далеку од окото на јавноста. Според медиумите, притисокот да роди машки наследник и да го утеши кралското семејство имало огромно влијание врз нејзиното ментално и физичко здравје.

 

3. Кетрин Мидлтон, Англија

Кетрин Мидлтон или подобро позната како Кејт Мидлтон, се омажи за принцот Вилијам кој е втор на ред за тронот на Англија на 29 април 2011 година.

Кејт и Вилијам прв пат се сретнале во 2001 година. Наводно раскинале во 2007 година, но продолжиле да се гледаат како пријатели. Во 2008, повторно се смириле и ја објавиле нивната свршувачка на 16 ноември 2010 година.

Кејт е ќерка на Карол Елизабет Мидлтон и Мајкл Францис Мидлтон, кој поседува приватна компанија наречена “Party Pieces”, чијашто вредност изнесува околу 30 милиони фунти.

 

4. Маделејн Јозефина, Шведска

Маделејн Тереза Јозефина е најмладата ќерка на кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија од Шведска и е трета по ред за наследник на кралскиот трон.

Маделејн е една од најубавите принцези на светот. Во 2008 година била рангирана на 12-тото место на листата на Форбс за најжешките млади “ројалки”.

Маделејн е најпозната по добриот изглед и одличниот вкус за мода.

 

5. Шарлот Казираги, Монако

Шарлот Мари Помелин Казираги, попозната како принцезта Шарлот од Монако е најверојатно најубавата кралска жена на сите времиња.

Шарлот има сè – име, слава, богатство и секако, добар изглед. Таа е внука на починатиот владател на медитеранското кнежевство, принцот Раинер III и на легендарната актерка Грејс Кели.

Шарлот, која е четврта по ред за наследник на тронот на Монако, има одличен вкус за мода и често се појавува на модни шоуа, уметнички изложби и јавачки настани. Таа е официјален јавачки “амбасадор” на марката Гучи и нејзината облека ексклузивно ја дизајнира Фрида Џанини, креативен директор на Гучи.

 

6. Принцезата Мари, Данска

Крунисаната принцеза Мари од Данска е жена на крунисаниот принц на Данска, Фредерик.

Таа нема кралска крв и го привлекла вниманието на Фредерик кога тој бил во посета на Австралија во текот на Летните олимписки игри во 2000 година. Нивниот брак склучен во 2004 година привлекол големо внимание во јавноста и бил прикажан како модерна романса од бајките.

Мари има четири деца и е позната модна икона.

 

7. Јетсун Пема, Бутан

Јетсун Пема го привлече вниманието на јавноста неодамна со нејзината свршувачка со кралот Јигме Хесар Намгиел Вангчук од Бутан.

Се образовала во Индија и Велика Британија и има кралска крв и била опишана како “топла и љубезна по срце и карактер” денот на 20 мај, 2011 година, кога кралот објавил пред Парламентот дека ќе се ожени со неа во октомври 2011 година.

 

8. Летициа Ортез, Шпанија

Летициа Ортиз е жена на Фелипе, принц  на Астуриас и најверојатно наследник на шпанскиот трон.

Летициа по професија била презентерка на вести и работела за шпанската верзија на каналот за економија Блумберг и за вестите на CNN+.

Летициа стапила во брак со Фелипе на 22 мај 2004 година. Тие имаат две ќерки, Леонор и Софиа. Летициа била претходно мажена со Алонсо Гуереро Перез и нивниот брак траел една година; разводот се случил во 1999 година и таа нема никакви проблеми што се однесува на претходниот брак. Нејзиниот шарм и одличен изглед се кобни за секого.

 

9.Шарлен Витсток, Монако

Оваа јужноафриканска олимписка пливачка е свршеница на Алберт II, принцот на Монако.

Шарлен, која може да се пофали со јужноафриканско, германско и британско потекло, го сретнала Алберт во 2000 година, кога отпатувала во Монако на натпревар по пливање. Оттогаш, двајцата се неразделни и на 23 јуни 2010 година официјално се свршиле. Цивилниот брак се одржал на 2 јули, а религиозната церемонија се случила на 3 јули.

 

10. Зара Филипс, Англија

Зара Ен Елизабет Филипс или Зара Филипс е второ дете и единствена ќерка на принцезата Ен и нејзиниот прв сопруг капетан Марк Филипс, а воедно е и најстара внука на кралицата Елизабет II.

Зара е позната јавачка на коњи. Победила на светските коњанички игри на светското првенство во Ахен, Германија во 2006 и е изгласана за спортски лик на годината според BBC.

Моментално е мажена за рагби играчот Мајк Тиндал. Венчавката се случила на 30 јули 2011 година.

One comment

  • Vanco

    17 април, 2012 at 05:14

    Oki doki. Dali se toa najubavite montazi ili sminki, moze da se kaze Da ,Ali 10 te najubavi zeni sigurno Ne. Ubavinata ne se meri so bogatstvo neli.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma