За изумител на возот како превозно средство се смета Џорџ Стивенсон, и оттогаш возот претставува едно од најпосакуваните транспортни средства. Љубителите на патувањето со воз го преферираат истиот поради луксузот, комфортот, а воедно и поради ниските цени. Во прилог следат некои од најубавте, најегзотичните и највпечатливите железнички станици во светот кои се добро познати по својот луксуз и сјај.
1. Berlin Hauptbahnhof – Germany
Берлин Хауптбанхоф е најголема железничка станица во Европа и поседува прекрасна и уникатна архитектура. Зградата е конструирана на уникатен начин, односно има современа и необична архитектура. Покривот е изграден од стакло и ѝ дозволува на светлината да продира низ станицата, со што целата глетка е неверојатна.
2. Kuala Lumpur Railway Station – Malaysia
Ова старо архитектонско чудо од 1020 година е лоцирано во Малезија. Архитектурата е комбинација од стар западен стил кој на зградата и дава историски и културен шмек. Некои луѓе оваа станица ја нарекуваат замок.
3. North Park Way Cable – Austria
Оваа станица е лоцирана во Инсбрук, Австрија. Тоа е најголемата кабелска железничка станица. Величествената и чудесна градба е создадена од архитектонското студио на Заха Хадид. Формата на покривот е во вид на бранови кои се движат, а тоа на станицата и дава невообичаен и единствен изглед.
4. La Gare de Strasbourg – France
Оваа станица е дизајнирана од страна на Јохан Јакобстал во 1883 година, архитект по потекло од Берлин. Зградата е реновирана во 2007. Направена е од стакло. Ова ексклузивно уметничко дело изгледа неверојатно кога во него удираат сончевите зраци и потоа се одбиваат во неколку нијанси.
5. Kanazawa Station – Japan
На прв поглед веднаш ќе забележите 14 метарска врата во традиционален јапонски стил. Во зградата има купола која ги покрива источниот и западниот дел со 3000 стаклени парчиња.
6. Southern Cross Station – Australia
Посебноста на оваа станица е во тоа што таа има покрив во форма на бразди. Градбата има добиено Лубеткина награда од кралскиот институт на британските архитекти.
7. Estacion de Atocha – Spain
Станицата е изградена во 1851 и била реновирана во 1992 година. Во внатрешноста на станицата има мини шума која на просторијата ѝ дава впечаток како да се наоѓате во природа.
8. Chhatrapati Shivaji Terminus – India
Англискиот архитект Фредерик Вилијам Стивенс ја дизајнирал оваа прекрасна градба која се наоѓа во Мумбај, Индија. Таа е една од најголемите станици во Индија и е дел од листата на места кои се сметаат за светско наследство.
9. Antwerp Central Station – Belgium
Зградата е завршена во 1905 година и има форма на црква. Поради тоа, многумина ја нарекуваат Катедрала.
10. St Pancras Station – UK
Оваа англиска станица е градена во периодот 1864 – 1868. Двете деветметарски бронзени статуи придонесуваат за убавината на оваа градба. Во склоп на станицата се наоѓа и надолгиот шампањ бар.