Топ 10 романтични дестинации за меден месец

24 август, 20110

Романтично патување, егзотична дестинација, многу љубов, нежност и душевен мир… На што друго ве асоцираат овие неколку зборови ако не на фамозниот меден месец? Денови кои засекогаш ќе останат врежани во вашето сеќавање, време за кое секогаш со сласт ќе си споменувате. И ако се прашувате каде да го поминете најубавиот период после свадбената свеченост, не се двоумете да ѕирнете во оваа листа која е направена да им помогне на читателите полесно да се одлучат која е најромантичната дестинација на светот.

Швајцарија

Можеби не е егзотична земја, ама нема сомнеж дека е една од најромантичните дестинации на планетава. Волшебни пејзажи, безбедност и подреденост се некои од нејзините одлики. Паровите можат слободно да уживаат еден во друг, што е и смислата на ова патување.

Тахити

Името Тахити долго време било синоним за тропски рај. Ова е инаку едно од напосетените места за меден месец од причина што нуди егзотичен рај и суптилна романтика. Слободно опуштете се на сонцето, пливајте и уживајте во морските плодови.

Мароко

Земја на неверојатна разноликост и убавина. Прекрасната природа и богатото културно наследство ќе ве воодушеви. Во никој случај немојте да пропуштите да ја посетите плажата Есаоур каде често престојувал Џими Хендрикс, да влезете во џамиите со највисоки минариња на светот и да патувате по масивните дини во Сахара.

Португалија

Иако понекогаш е во сенка на својата поранешна голема колонија Бразил, комбинацијата од антички дворци, песочнни плажи и локални вина ја прави Португалија неверојатна туристичка дестинација. Главниот град Лисабон, кој е еден од најстарите европски градови плени со куќите изградени од дебели камени ѕидови, што придонесува во лето да биде доста свежо, а на зима пријатно и топло.

Јужноафриканска Република

Богатата културна и неверојатна природа ќе ве остави без здив. Тргнете од Кејптаун и насочете се кон резерватите на Сингита кои на гостите им нудат широкоградо гостопримство и луксуз. Колибите се мешавина на афричко наследство и модерен европски дизајн.

Кариби

Темпото на живот во овие краеви е толку успорено, а атмосферата е така опуштена, што уморните младоженци после сета таа фарса поврзана со милион детаљи околу венчавката, можат релаксирано да го исцелат и телото и духот.

Обалата на Мејн

Можеби не е совршено место за пливање, но обалата на Мејн е неодолива со својот шарм и одлична храна. Целата обала е волшебна и никако немојте да заборавите да го посетите националниот парк Аcadia на планината Desert Island.

Турција

Турција е земја богата со туристички комплекси во кои можете до бесвест да уживате во вашиот меден месец. Сета таа ориенталност и стар начин на забава ќе биде нешто во што одамна не сте се опуштиле.

Камбоџа

Ова е вид на меден месец за оние со малку повеќе авантуристички и немирен дух. Прво и основно, посетете го комплексот храмови Angkor Vat кој се наоѓа во џунглите на Камбоџа. Истражете ги античките урнатини и почестете се со свежи ракови.

Рим, Италија

На оваа листа нема градови, но Рим е исклучок. Совршен град за лутање меѓу древните квартови и откривање неодоливи ресторани, свирки со жива музика и попатни кафиња. Буквално сè што ви е потребно за меден месец од соништата. И кога веќе инсистирате на урбан меден месец, вашиот избор нека падне на Рим.

На оваа листа се најдоа уште неколку други дестинации како: Франција, Костарика, Аргентина, Јапонија, Хаваи, Мексико, Канада, Антарктик итн.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi