Топ 100 универзитети во светот за 2011 година

6 мај, 20110
harvard-university13235

САД  се наоѓа на врвот според рангирање на угледот на универзитетите низ целиот свет, завземајќи скоро половина од топ 100 места, но како стојат другите држави?

Америка може да се пофали со најмногу реномирани универзитети во светот, според новата глобална репутација. Харвард Универзиетот е рангиран највисоко во светот, поради високото образование во наставата и истражувањата.

Листата која е објавена минатиот месец од страна на Times Higher Education, е прва од ваков вид во потрага по угледот на иституциите од аспект на учењето, наставата и истражувањето. Многу блиску до Харвард е рангиран Универзитетот Масачусетс за технологија (МИТ), кој ги надмина двата познати Оксфорд и Кембриџ.

САД доминира со седум универзитети од првата десетка и 45 од вкупната ранг листа. Завземајќи 12 места во оваа листа, Велика Британија е на второто место каде треба да ги испратите вашите деца, доколку сакате да стекнат врвно образование. Кралскиот колеџ, Уневерзитетскиот колеџ во Лондон (UCL), Лондонската школа за економија и Универзиетот во Единбург се наоѓаат меѓу првите 50.

Рангирањето е направено врз основа на истражување спроведено на 13,388 академици низ 131 држави во светот.

Листата исто така покажа дека, Јапонија ја надмина Канада, Австралија и Герминија, со Универзитетот во Токио, кој се најде на осмото место и е единствена нација покрај САД и Белика Британија во главната десетка.

Со се поголемите универзитетски такси и се поголемиот број на апликанти кои се борат за студентските места, репутацијата на универзитетот е еден од најголемите фокуси за потенцијалните студенти.

Phil Baty, уредникот на Times Higher Education World University Rankings изјавил: “Во се поконкурентниот глобален пазар за студенти, академици и универзитетски администратори, репутацијата на универзитетите за академска совршеност е од клучно значење“.

Целосната листа на Times Higher education World Reputation Rankings 2011 со податоците доставени од Thomson Reuters, можете да ја погледнете подолу vo pdf.

University reputation ranking

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi