Топ 5 “лебдечки” хотели во светот

popara1 јули, 20111min00
naslovna hotel

St. Regis Bora Bora Resort

Ова е еден од преубавите лебдечки хотели, кои нудат одлишни можности за одмор и релаксација. Од името е веќе познато дека станува збор за хотел кој се наоѓа на Бора Бора. За една ноќ помината во овој хотел ќе треба да платите 1.200 долари.

Punta Caracol Aqualodge, Panama

Овој хотел “лебди” на Карибското море. Од едната страна е прексрасното сино море, а од другата густата шума. Одлично место за луѓето кои ја сакаат природата. Цената на една соба во овој хотел е 316 долари за ноќ.

King Pacific Lodge, Canada

Конечно еве хотел каде ќе може да пристигнете со својот сопствен брод или јахта… Овој хотел е прекрасен, но уживањето во него е најголемо од мај до октомври, кога природата околу него е во најубаво издание. Располага со 17 соби, кои пружаат голем луксуз. Ресторанот ги нуди највкусните морски специјалитети. Цената во овој хотел, за три ноќи изнесува 4750 долари, што е минимално задржување во овој хотел.

River Kwai Jungle Raft, Thailand

Изграден е според локалниот стил, опкружен со тропска шума. Има 55 соби, кои се направени од бамбус и нудат голема топлина и пријатна атмосфера. Изграден е во 1978 година. Најчесто тука го поминуваат медениот месец многу брачни парови, токму поради романтичниот изглед на собите во хотелот.

Salt and Still, Sweden

Овој хотел е изграден на место каде во минатото рибарите ловеле риба. Овој хотел е добитник на многу награди, за услуга, дизајн, вкусна храна и слично. Внатрешноста на хотелот е уредена минималистички, во скандинавски стил. Престојот во овој хотел, на една ноќ ќе ве чини 244 долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag