Помогнете си себе си и на сопствената кожа да го преживее летото. Сиротата кожа сега ја искористуваме до бескрај, а само замислете си како таа ќе ни врати до крајот на летото.
Како уште веднаш тоа да се обидеме да го спречиме, со тоа што ќе почнеме во организмот да внесуваме производи од кои вашата кожа ќе заблеска.
Секако зеленчук, овошје и цели житарици се идеални за вашето задравје, варењето па така и за вашата кожа, која всушност е одраз на вашата внатрешна состојба.
За водата и зелениот чеај веќе имате чуено, но дознајте што уште можете да јадете.
Производ бр.1 – бадем
Најдобриот природен дар за кожата. И не се доволни кремите на негова база, туку треба да се јаде, бидејќи е полн со антиоксиданси и витамин Е кој ја штити кожата од УВ зраци и ја полни со колаген.
Исто така содржи влакненца и масло на омега 6 и омега 9 кои на кожата и даваат еластичност.
Попатно дознајте како бадемите исто така се супер и за косата.
Производ бр.2 – авокадо
Многу го избегнуваат поради состојкитекои дебелеат, но од друга страна навистина добро и прави на кожата. Неговите незаситени масни киселини ја чуваат кожата од сушење.
Авокадото исто така е богато со витамин Б, посебно и со витамин Б3 кој делува против запаленија.
Производ бр.3 – јагоди
Поради многу влакненца, а малку шеќер, јагодите се одлични летни „грицки“ и притоа чувари на кожата.
Во нив има голема концентрација на витамин Ц – антиоксиданс заснован на здрава, млада и сјајна кожа.
Содржат и висока концентрација на алфа-хидроксилна киселина која помага во елиминација на мртвата кожа и во размножувањето на колагенот.
Производ бр.4 – лосос
Масните риби богати со омега 3 масни коселини, како лосос и туна совршени се за затнатите пори.
Покрај тоа, лососот е полн со селен и минерали кои помагаат во мекоста на кожата, а содржат и совршен антиоксидант витамин Е.
Производ бр.5 – семе од коноп
Станува збор за најдобриот можен производ за кожата и здравјето. Тие зрнца се полни со протеини, железо, витамин Е и омега 3 и омега 6 масни коселини. Овој производ е идеален за вегани и вегетарјанци.