Американскиот рапер Џеј-Зи, (Шон Кори Картер), повторно е проглесен за најбогат хипхопер во светот и со приход од 37.000.000 долари во последните 12 месеци го завзема првото место на Форбс листата за 2011 година. Второто место му припадна на Шон Комбс, познат како П.Диди, кој само за два милиони долари го загубил првото место, бидејќи заработил “само” 35.000.000 долари. На тертото место се наоѓа Кени Вест со профит од 16.000.000 долари.
Објавата на Форбс, дека Џеј Зи е на врвот на топ листата и не е некое изненадување, со оглед на тоа дека 41-годишниот рапер е број еден по заработка, последните пет години.
Покрај вообичаената заработка, Џеј-Зи имаше и многу успешна година. По минатогодишниот хит албум “Empire State of Mind”, пред неколку дена издаден е и новиот “Watch the Throne”, во соработка со Кени Вест, кој веќе е распродаден.