Топ совети како да ја победите надуеноста

popara27 мај, 20111min00
bananas

Многумина од нас го имаат проблемот со често надуен стомак, кој предизвикува непријатно чувство. За среќа постојат многу трикови кои ќе ви помогнат да го решите проблемот.

Избегнувајте газирани пијалоци, наместо нив пијте повеќе вода.

Јадете храна која е богата со калиум. Минералите како што е калиумот, помагаат во воспоставување на рамнотежа на течностите во организмот и ја спречуваат појавата на надуеност. Храна која е богата со калиум е: банани, диња, манго, спанаќ, домати, ореви. Оваа храна содржи и аспарагус аминокиселина која дејствува така што ги исфрла вишокот на течности од телото.

Устата нека ви биде затворена. Навиките кои ги имамае и ги правиме несвесно, може да бидат причина за надуеност. Конкретно, кога станува збор за јадењето јадете со затворена уста и не зборувајте додека јадете. На тој начин ќе избегнете да голатате повеќе воздух додека јадете. Во овие навики може да се вбројат и пушењето, џвакањето мастики.

Намалето го внесувањето на јаглехидрати. Храната која содржи скроб, како што се слатките и лебот предизвикува задржување на течностите во организмот. Затоа кога ќе забележите надуеност, намалето го внесувањето на овие намирници.

Ограничете ја употребата на вештачки засладувачи. Вештачките засладувачи кои најчесто ги има во соковите, гумените бонбони и слично, може да предизвикаат запек, дијареа и надуеност.

Подгответе го телото за ПМС. Кога сте во овие денови, за да ја намалите надуеноста внесувате поголема количина на магнезиум.

Масажа на стомакот. Во деновите кога вашиот стомак е надуен, правете масажи. Потребно е само правецот на движење на масажата да е кон системот за варење.

Пијте јогурт. Јогуртот содржи “добри” бактерии кои ја спречуваат појавата на надуеност.

Физичка активност. Доколку секојдневно се движите, имате некаква физичка активност можноста за појава на надуеност ја намалувате за 50%.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag