Топлиот југ на Шпанија

24 август, 20111
Plaza de Espana, Seville, Spain

Оние кои сакаат да ја запознаат вистинската Шпанија, која во потполност сеуште не е модернизирана, најдобро да одат во Андалузија. Додека северните региони личат на било кој друг европски град, Јужно Пиринејскиот полуостров сеуште ја има задржано традицијата на борба со биковите и фламенко фестивали.

Севилија

Најголемиот град на целиот јужен регион на Шпанија, зрачи со просечна топлина над 35 степени целзиусови во текот на Август, додека највисоките температури стигнуваат и до 50 степени. Иако не излегува на море посетителите ќе ја почуствуваат медитеранската клима на југот.

Традиционалните вагони, чија појава не се смени со векови, се вообичаена појава на улиците на Севилија, а туристите можат и да ги изнајмат, но битно е претходно да ја договорат цената. Градот е архитектонски многу атрактивен, затоа што во него се наоѓа најголемата готска катедрала во Европа. Тука е и шпанскиот плоштад, или  Plaza de Espanja.

Како заштитен знак на овој дел од Андалузија – светлата ќерамика, целиот град е покриен со плочки кој ги красат дури и сообраќајните знаци.

Коста де Сол

Туристите кои сакаат да направат турнеја по целиот брег на Коста де Сол, треба да се концентрираат во Малага. Од таму лесно можат до другите градови, кој се главно дизајнирани да бидат рај за посетителите.

Оние кои остануваат во Малага можат да уживаат во автентичниот приказ на бои во Андалузија, бидејќи во текот на летото постојано одржуваат фестивали – на улиците.

Гранада

Ако другите делови од јужна Шпанија, добиле барем  нешто од северната култура, Гранада секако ја има сочувано својата автентичност. Целиот град може да се помине пешки, од Лоркин музејот, или Алхамбра, комплекс на палати и тврдини кои се изградени на врвот на градот.

One comment

  • may be babe

    26 август, 2011 at 02:26

    poditno moram tamuuuu

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi