
Тори Спелинг и Дин МекДермот го прошируваат своето семејство, повторно. Двојката го очекува третото бебе, како што најавиле на Твитер денес.
Поранешната ѕвезда на Беверли Хилс на Твитер објави: Знам дека има многу шпекулации, па сакав од мене да слушнете, јас и Дин очекуваме бебе!
37 годишната актерка и нејзиниот сопруг Дин, 44, веќе го имаат синот Лиам, 4, и двегодишната ќерка Стела.
Тори и Дин се во брак веќе пет години, и планираат да имаат уште деца.