Подготовка:
Обложете трлкалезно тавче со фолија. Изматете плазма бисквит, путер и млеко. Обложете го дното.
Посебно изматете сирње, павлака, шеќер, ванила и жолчки. Желатинот изматете го во 12 лажици вода, а кога ќе се стврдне загрејте додека не стане течен. Помешајте го и желатинот со останатите состојки. Истурете го кремот над подлогата од бисквити.
Во топла тава ставете колограм овошје и 200гр шеќер. Додадете желатин, по истата постапка.
Ставете ја во фрижидер најмалку 4 часа, а потоа може да ја послужите.
Состојки:
Тесто
- 300гр мелен плазма бисквит
- 100гр путер
- 150мл млеко
Крем
- 500гр посно сирење
- 2 чаши кисела павлака
- 200гр шеќер
- 30гр желатин
- 30гр ванилин шеќер
- 1 жолчка од јајце
Фил
- 1кг овошје, замрзнато или свежо (цреши, јагоди, капини, боровинки)
- 200гр шеќер
- 30гр желатин