Торта стара 70 години продадена беше на аукција за хуманитарни цели во американската држава Охајо.
Купецот кој сакал да остане анонимен, дал 525 долари за оваа торта која била направена уште од времето на Втората светска војна.
Иако тортата е стара 70 години, таа го има задржано првобитниот облик, благодарение на херметичкото пакување.
Датумот на амбалажата покажува дека тортата е направена во 1941 година. Парите од продажбата на оваа торта ќе бидат наменети за бездомниците во Охајо.
httpv://www.youtube.com/watch?v=s30NaWFyUTs