Исповед на Назмије Б. за малтретирањето и тортурата што ги трпела заедно со нејзините деца, во текот на една години, од страна на нејзиниот невенчан сопруг.
– Не можев повеќе да го поднесам малтретирањето од мојот невенчан сопруг врз мене и моите деца. Сакав да се избегаме од него, но немав каде, а искрено имав и огромен страв од него. Еден ден кога го најдов како ја допира постарата ќерка по градите додека таа спиеше, го фатив за рака и сакав да ги избркам од куќата, но не успеав. Мојот син низ солзи ми раскажа дека и него го допирал неколку пати.
Собирајќи ги расфрлените работи низ куќа Назмије (47 години) ни раскажува што сé се случувала во нејзината куќа и што се не претрпеле таа и нејзините деца – тринаесетгодишната ќерка и дветгодишниот син и поради кои причини нејзиниот невенчан сопруг Горан К. (42 години) е под сомнение дека сексуално ги малтретирал и ги присилувал на орален секс.
Двајцата живееле во невенчана заедница повеќе од една година. Горан вели Назмија, првите неколку месеци се однесувал добро кон неа и децата. Но, потоа започнал целиот пекол.
– Тој пиеше и ги тераше децата да питаат, но повеќе не можев да ја издржам целата тортура, а кога го најдов како ја допира мојата постара ќерка собрав храброст да го напуштам, без разлика на последиците – ни раскажува Назмија.
– Ми стана сомнително кога видов дека влегува во собата на ќерка ми. Отидов по него за да видам што работи. Го зграпчив за раката со цел да го избркам од дома, а тој цело време ми тврдеше дека сакал само да ја покрие, за да и биде потопло. Пристигна и полицијата и му само го опоменија дека не смее ниту да помисли да направи вакво нешто. Но, тоа не помогна.
Според изјавата на мајката, очувот го допирал и нејзиниот деветгодишен син. Момчето се пожалило дека Горан влегувал во собата додека спие и го допра по неговите на гениталиите.
– Плачеше и раскажуваше дека го болело – продолжува Назмије. – Ги зедов децата побегнав во Велики Рит каде што живее татко ми. Помалата ќерка (12 години) ја нема допрено. Таа уште на почетокот не сакаше да ја прифати нашата врска и во текот на целата оваа пеколна година, му се спротивставуваше и се караше со него.
Последниве неколку месеци, раскажува Назмија со глас полн со горчина, Горан неколку пати кога бил пијан ја имал тепано со безбол палка.
– Не сакаше ништо да работи, само си носеше друштво за пиење, па дури и во доцните вечерни саати – продолжува Назмија .- Собирав храна и остатоци од контејнерите и од тоа живееме. Сакаше да се преселиме во едно село, каде што претходно живееле. Но, успеав да соберам храброст и да му се спортивставам. Сега живееме, понормален и помирен живот, иако целиот случај со мојот невенчан сопруг сеуште не е завршен…знам дека сеуште ме чека пекол.
Обвиненија
Горан К. се терети со обвиненија за кражба во неколку продавници во Нови Сад, во близина на куќата каде што живеел заедно со Назмија и нејзините три деца од прв брак.
– Тој се обиде да ме обвини дека сум крадец, но токму на 6 мај, кога е извршена кражбата јас бев кај мојата сестра – се сеќава Назмија.