Трагедија: Кутрото бебенце настрадало, откако мајка случајно го турнала телевизорот врз него

29 октомври, 20110
majka-slucajno-srusila-tv-koji-je-pao-na-njezinu-bebu-i-ubio-je-400x600-20111043-20111027111941-d7b8057d19daf46c705ad953a4d43247 - Copy

Телевизор тежок 44 килограми паднал врз бебе и го убил. Клое Јетис стара само 6 месеци си лежела во својата количка во собата на родителите во нивниот дом во Болтон. Нејзината мајка, Зара Макслов случајно го поместила телевизорот зошто сакала да помине. Се обидела да го фати, но не успеала. Бебето веднаш било одведено во болница, но докторите не можеле да го спасат.

Бебето починало во мај, а во средата започнало испрашувањето пред истражниот судија. Мајката изјавила пред иследниците дека таа се обидела да помине помеѓу столиците и креветот за да го изгасне светлото во собата. Несакајќи при обидот го турнала телевизорот кој паднал врз бебето. Детективите заклучиле дека станува збор за неочекуван и несреќен случај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *