Светските дизајнери веќе ги покажаа своите најнови колекции за пролет- лето 2011 година. Од се она што до сега беше покажано може да заклучиме дека бои кои ќе бидат ин престојниве пролет и лето се: портокалова, жолта, бела, светло зелена, сина, виолетова во темна и светла нијанса, сива. Од принтовите најчесто застапени се цветовите, пругите и точките. Ова се само дел од најновите колекции на модните дизајнери како што се: Кристијан Диор, Л.А.М.Б, Викторија Бекам, Валентино, Мери Ктран, Марк Џејкобс итн.