Ах таа Камасутра… Нуди толку иновативни решенија за да го „зачините“ вашиот сексуален живот. Сепак внимавајте, не секој може да ги практикува сите пози. Ви претставуваме три пози кои се наменети само за искусни љубовници, а сите останати ризикуваат да скршат рака, исчашат зглоб, шинат рамо…
Пчела: Мажот седи на креветот со испружени нозе, а доколку е потребно може и да се потпре на нешто. Жената е свртена кон мажот и клечи врз него. Бидејќи е од одозгора, жената го контролира темпото на пенетрација. По потреба, мажот може со рацете да го дига и спушта нејзиниот задник. Оваа поза е наменета за жени со голема физичка издржливост.
Мајмун: Мажот лежи на грб со кренати нозе. Жената му седи на задникот свртена со грб, а нозете на мажот се потпираат на нејзиниот грб. Мажот ја држи жената за раце и така го контролира темпото на пенетрација. Ова е поза за слабички жени и издржливи мажи.
Индра: Жената лежи на грб со подигнати и собрани нозе. Мажот клечи со раширени нозе и се поставува над неа. Жената е под партнерот, а нејзините нозе се на неговите гради. Во оваа поза мажот е ток кој го диктира темпото. Иако изгледа лесно оваа поза бара еластичност од двата партнера, а постои и опасност од предлабока пенетрација.