Три техники за конечно ослободување од сексуалната фрустрација!!!

7 ноември, 20110
frustrirani

Без разлика дали се во брак или во долга врска, жените често се преплавени со стравови и фрустрации кога станува збор за секс со нивните партнери. Незадоволство се акумулира со текот на годините заради неостварените сексуални желби. Жените сакаат подобар секс, неверојатен секс, но нивните умови се полни со негативност. Стравот произлегува од фактот дека тие не сакаат да се справат со разочарување. Така, оние жени кои се во врска имаат секс само заради своите партнери, за одржување на мирот и живеат во илузија дека тие се среќни. Сексот не е задоволство за овој тип на жени. Па, како да се ослободат од фрустрацијата???

Техника број 1: Ако мажот или партнерот се согласат на сексуална надградба и се подготвени да научат, тоа ќе значи огромно подобрување на сексуалниот живот на жените. Многу мажи се противат на тоа заради нивното машко его. Во најлош случај, тие најчесто се осврнуваат кон неверство. Затоа, разговарајте со партнерот за некои списанија или пак интернет прилози кои можат да ви помогнат да внесете разноликост и да го подобрите сексуланиот живот.

Техника број 2: Често кај луѓето постои страв од неуспех. Доколку сакате подобар сексуален живот, ќе мора да направите некакви промени и да се обидете со нешто ново. Затоа, наместо да бидете затворени во стегите на традицијата, предложете му на партнерот да ги споделите вашите ставови кон сексот, но и сексуалните фантазии, кои ќе ви помогнат да најдете „заеднички јазик“ и да постигнете ултимативно задоволство. Обидете се да му објасните дека нема зошто да се срами или да се плаши, затоа што секој човек има свои скриени желби и фантазии.

Техника број три: Време е малку да се позабавувате и да внесете необични идеи во спалната соба. Неопходно е да се фокусирате на целосно предавање на уживањето, па обидете се целосно да го отстраните чувството на срам и непријатност. Лежете и уживајте онака како што би уживале на масажа или пак дури јадете некој прекрасен десерт. Заеднички препуштете се кон нови доживувања. Обидете се да уживате во заедничките допири и милувања, а за поголем интензитет на уживањето во допирот и вие и партнерот врзете си превез на очите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş