Три вкусни јадења кои ќе ви помогнат да ослабнете

popara24 октомври, 20111min00
tri jadenja

Елиминирајте го ова! Избегнувајте го она! Најчесто плановите и диетите ни кажуваат што не смееме да јадеме и се темелат на привремени тактики. Овојпат ви претставуваме храна која смеете да ја јадете, а која ќе и помогне да ги намалите оние вишок килограми кои ви пречат.

Јајца: Според последните студии, јадењето јајца за појадок навистина го заситува организмот, што ќе ви помогне да внесете помалку калории во текот на денот. Оние кои јадат појадок богат со протеини, како што се јајцата, внесуваат значително помалку калории отколку оние кои не појадуваат.

Ф’стаци: Во ред е да сакате јаткасти плодови, затоа што луѓето кои јадат бадеми, лешници ф’стаци и останати јаткасти производи во просек имаат помалку маснотии. Од сите јаткасти производи најдобар избор се ф’стаците, затоа што имаат многу протеини, здрави масти и влакна, кои ве заситуваат, како и витамини кои му се потребни на телото, како на пример витамин К.

Парче пица: Добро, ќе си помислите дека претеравме. Но истражувањата покажаа дека едно парче пица со тенка кора, многу зеленчук и само кашкавал е совршена за оние кои се на диета, затоа што ќе ве засити и ќе ви замени цел оброк. Освен тоа, доколку сте на долгорочен план да ослабнете, понекогаш е потребно да каснете и од вашата омилена храна, што ќе ви даде мотив да издржите со диетата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag