Триполи падна сосе синовите на Гадафи

popara22 август, 20111min00
libyan-police-clamp-down--007

Најстариот син на Гадафи, Мухамед, телефонски изјавил за Ал Џезира дека бунтовниците ја опкружиле неговата куќа и дека него и неговите војници ги имаат во заседа. По неколку истрели, телефонската линија се прекинала. Подоцна се појавиле некои информации дека Мухамед заедно со претседателската гарда се предале на бунтовниците, но Гардијан пишува дека претседателската резиденција и понатаму ја контролираат гардата на Гадафи.

CNN и Гардијан јавуваат дека бунтовниците тврделе дека синот на Гадафи, Мухамед се предал. Портпаролот изјавил дека во Триполи е уапсен и третиот син на Гадафи, Сади.

Иако во текот на денот се појавиле некои информации дека Моамер Гадафи избегал од земјата, тој тоа го демантирал појавувајќи се на либиската државната телевизија, во последниот негов очајнички обид да го подигне моралот на бранителите на Триполи. Гадафи тогаш изјавил дека ќе остане во земјата со својот народ и дека до крај ќе го брани Триполи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma